„ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ СЕ ПРОМОВИРА НА ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ НА МРТ2 Скандал на албанскиот канал на Македонската радио-телевизија
Тринаесетгодишното албанско девојче, облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“, отворено пееше за територијални претензии кон македонската држава.
Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера претпладне, околу 11 часот, на својот втор канал, во рамките на детски фестивал, емитуваше песна насловена „Trojet shqiptare“(„Албански територии“).
Тринаесетгодишното албанско девојче, облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“, отворено пееше за територијални претензии кон македонската држава. Со стихови „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“ и „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“, детето ја пренесуваше јасната порака за обединување на албанските територии – што директно ги вклучува делови од Република Македонија, Србија, Грција и Црна Гора.