ГОЛЕМ ВЕРИЖЕН СУДИР ВО ГЕРМАНИЈА Повредени се 16 лица

Засега не е позната причината за несреќата, ниту пак степенот на штетата. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека некои возила биле уништени до непрепознатливост.

185

Во голема сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на германскиот автопат кај чешката граница повредени се 16 лица, од кои тројца потешко.

Полицијата соопшти дека камион кој се движел на север во правец на Дрезден на патот А17 во близина на германско-чешката граница, без да закочи налетал на сообраќаен метеж, што предизвикало верижен судир на 10 автомобили.






Засега не е позната причината за несреќата, ниту пак степенот на штетата. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека некои возила биле уништени до непрепознатливост.

Патот и утрово се затворен за сообраќај.

Поврзани содржини