ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ Тодор Коневски е избран за потпретседател на младината на Европската народна партија
Изборот на Тодор Конески, меѓународниот секретар на УМС, е колективна победа за целата Унија на млади сили и за младите во Република Македонија! Тоа е доказ дека нашата работа, посветеност и глас се препознаени и почитувани на европската политичка сцена, соопшти Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Тодор Конески е избран за потпретседател на YEPP, младинската организација на најголемото политичко семејство во Европа, Европската народна партија, објави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го изборот како историски успех.
„Изборот на Тодор Конески, меѓународниот секретар на УМС, е колективна победа за целата Унија на млади сили и за младите во Република Македонија! Тоа е доказ дека нашата работа, посветеност и глас се препознаени и почитувани на европската политичка сцена“, соопшти Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
YEPP е најголемата и највлијателна младинска политичка организација во Европа, која обединува над 1,6 милиони млади од повеќе од 60 сестрински организации, додава УМС.
„Овој избор е јасен показател за влијанието и кредибилитетот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународната политика“, се додава во објавата.
Честитки го Коневски упати премиерот Христијан Мицкоски.
„Тодор Конески од УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска е избран за потпретседател на YEPP, младината на Европската народна партија (ЕПП). Тодор честитки за изборот и ја имаш поддршката да се бориш за интересите на младите и знам дека достојно ќе ја претставуваш нашата партија и Македонија“, напиша вели Мицкоски.