ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА КОРЕОГРАФИТЕ АДРИЈАНА И ДЕЈАН Освоија 2 награди на фестивалот во Белград

Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Тој е современ уметник, танчер и кореограф чија позадина е хип хоп и урбаните танцови стилови.

210

Кореографката Адријана Данчевска ја освои првата награда и наградата од публика со кореографијата „Go Figure it out“ во која настапи заедно со современиот танчер Дејан Битровски, синоќа на 26 издание на Фестивалот за кореографски минијатури, во Белград, Србија.

Фестивалот на кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија, и е со натпреварувачки карактер кој прави извонредна селекција на млади кореографи од целиот регион и пошироко. Во годинешното издание, покрај нашите кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.






– Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ги доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што прв пат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот – рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.

Адријана Данчевска е една од првите млади кореографи на Скопје танцовиот театар, воден од Рисима Рисимкин. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Тој е современ уметник, танчер и кореограф чија позадина е хип хоп и урбаните танцови стилови. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.

Поврзани содржини