ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА АНИМИРАНИОТ ФИЛМ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ Прогласен е за најдобар на фестивалот за научна фантастика во Мајами

„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 награди.

34

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi).

Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт.






„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 награди. Покрај кино-дистрибуцијата во Македонија, филмот беше прикажан и во кината во Бугарија и Унгарија. Од продукцијата најавуваат дека во наредниот период се очекува негова дистрибуција и во други земји.

Цветановски изјави дека ова признание има посебно значење за екипата:

-Многу сум радосен што во последниве години македонскиот филм бележи значајни успеси и се позиционира сè поцврсто на меѓународната сцена. Ова е наша прва награда во САД, а се надевам дека до крајот на фестивалската кариера на филмот ќе имаме уште убави новости за споделување.

Арт директор на филмот е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Поврзани содржини