🎥 ГОЛЕМ УКРАИНСКИ НАПАД НА РУСКИ АЕРОДРОМ Уништени седум воени авиони
Во украинскиот напад на аеродром во Псков, два авиони II-76 се целосно уништени, четири се оштетени, а според некои информации, во нападот е оштетен и авион Тu-22.
Украинските воени сили утрово извршиле силен напад на рускиот аеродром во Псков. Сѐ уште не е познато колкава е штетата на руска страна причинета во нападот на аеродромот. Како што пишува Некста, според неофицијални информации, Русите останале без седум авиони.
„Два авиони II-76 се целосно уништени, четири се оштетени“ – пишуваат руските медиуми.
Според некои информации, во нападот е оштетен и авион Тu-22.