ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ТУРСКИОТ ФУДБАЛ Мурињо во центарот на вниманието
Содржината на пораките, кои алудираат на планирани санкции или „одмазда“ кон португалскиот тренер во претстојната сезона, предизвика бурни реакции во јавноста и доведе до оставки.
Турскиот фудбал е повторно во центарот на вниманието по голем скандал што избувна откако во јавноста се појавија ВатсАп-пораки меѓу членови на Дисциплинската комисија, кои водат отворени разговори за Жозе Мурињо и клубот Фенербахче.
Содржината на пораките, кои алудираат на планирани санкции или „одмазда“ кон португалскиот тренер во претстојната сезона, предизвика бурни реакции во јавноста и доведе до оставки.
Претседателот на Професионалната дисциплинска комисија, заедно со неколку други функционери, поднесоа неотповикливи оставки откако случајот излезе на виделина.
Контроверзијата доаѓа само неколку недели по јавните критики што Мурињо ги упати на сметка на Турската фудбалска федерација и организаторите на лигата. Тој отворено зборуваше за серија судиски одлуки што, според него, директно го оштетиле тимот од Истанбул во клучни натпревари од сезоната.
Фенербахче не остана рамнодушен – клубот експресно реагираше преку своите официјални канали, барајќи итна реакција и одговорност од институциите. Во обраќањето се наведува дека станува збор за „сериозно нарушување на фер-плејот и директен удар врз кредибилитетот на лигата и интегритетот на натпреварувањето“.
Случајот предизвика лавина од реакции меѓу фудбалската јавност, а многумина бараат темелна истрага за да се утврди дали навистина постоела организирана намера за влијание врз одлуките кои можат да влијаат врз резултатите и судбината на клубовите во елитната турска лига.
Tarafsızlık sorgulanıyor: PFDK Üyelerinin ifşa olan yazışmaları hakkında
Bugün kamuoyuna yansıyan ve Profesyonel Futbol Disiplin Kurulu üyelerine ait olduğu iddia edilen yazışmalar karşısında kulübümüz Türkiye Futbol Federasyonu’na resmi başvurusunu yapmıştır.
Tarafsızlık… pic.twitter.com/9KWzJiJoGa— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) June 17, 2025