ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „ТЕСЛА“ НА МАСК Ефикасноста на моделот „Y“ вештачки напумпана за 6,67 пати?!

Измамата, според весникот, била направена за моделот Y (ипсилон) за кој пишува дека има утврдена ефикасност еднаква на 182,8 изминати киломери за литар фосилно гориво кога во реалноста моќноста е еднаква со онаа од 27,63 километри на литар гориво.

905

Ефикасноста на електричните автмобили „Тесла“ била преувеличена за 6,67 пати, а преку тоа компанијата успеала да добие големи субвенции (во форма на даночни кредити) од САД и било прикажано дека перформансите ги задоволуваат општите услови за борба за климатските промени. „Волстрит Журнал“ пишува дека се работи за скандал од епски размери кој ја тресе оваа позната фирма на Илон Маск – еден од најбогатите луѓе на планетата.

„Тесла“ речиси ја дуплирала продажбата на автомобили во последните три месеци од минатата година поради овој факт.






Измамата, според весникот, била направена за моделот Y (ипсилон) за кој пишува дека има утврдена ефикасност еднаква на 182,8 изминати киломери за литар фосилно гориво кога во реалноста моќноста е еднаква со онаа од 27,63 километри на литар гориво.

Тоа значи „Тесла“ во реалноста има моќност исто како кола која троши нешто повеќе од 3,5 литри за изминати 100 километри, што се приближува до статистиките за хибридните возила – но, оваа бројка потоа била зголемена 6,67 пати! Обичните возила, пак, трошат меѓу 6 и 7 литри за изминати 100 километри.

„До неодамна, оваа субвенција беше тајна на Вашингтон. Тоа им се допадна на производителите на автомобили и на регулаторите. Регулаторите би можеле да објават што звучи како тешки цели, а производителите на автомобили ќе кимнат, знаејќи дека можат да се усогласат со изградба на електрични автомобили со произволно високи вредности на усогласеност. Потрошувачите несвесно би ја платиле сметката“, објаснуваат извори за Волстрит Журнал.

Поедноставно речено, властодршците гротескно ги мамеле граѓаните со приказни за остварување на благородни цели за заштита на животната средина преку стимулирање на висока енергетска ефикасност во транспортот, а всушност автомобилите го направија спротивното. Журнал цинично забележа дека критичните информации биле внимателно закопани во том 65, страница 36.987 од Федералниот регистар.

„Тајната е таму. Откако еколошките групи укажаа на незаконитоста на оваа шарада, Министерството за енергетика предложи укинување на множителот 6,67 за електричните автомобили, признавајќи дека таа бројка „нема правна поддршка“ и е „без основа“, се вели во написот.

Откако скандалот избил, производителите на автомобили во САД во паника побарале од администрацијата на Бајден да го одложи секое враќање на правната или инженерската реалност. Во спротивно, излегува дека „Тесла“ имаат перформанси кои се недостижни за обичните возила…

Тесла ги намали цените во Германија за своите Model Y Long Range и Model Y Performance за 5.000 евра на 49.990 евра (54.340 долари) и 55.990 евра соодветно, што претставува попуст од 9% и 8,1% во споредба со нивните претходни цени. Компанијата неодамна ги намали и цените на овие модели во Кина во очи на неизвесноста од тоа каква ќе биде продажбата оваа година.

Ако мислевте дека скандалот од 2015 година во кој беше откриено дека Фолксваген ги мами регулаторите и потрошувачите за податоците за емисиите на јаглерод од сопствените возила ќе падне како најголем на сите времиња, барем кога станува збор за прекршување на животната средина, помалку од една деценија подоцна отвора афера чија пропорциите ставаат знак прашалник на целата зелена агенда на САД во сферата на транспортот.

 

 

Поврзани содржини