ГОЛЕМ РУСКИ КОЛАПС ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ? Некој зимава ќе се умори, прашање е дали Истокот или Западот
Додека западните аналитичари зборуваат за руски колапс во Херсон во наредните денови, руските експерти велат дека Западот зимава ќе се измори од санкции и од поддржување на Украина.
„Многу поголем руски колапс ќе се случи во следните денови“.
Вака во понеделникот на Твитер напиша познатиот американски политиколог Френсис Фукујама, коментирајќи го пробивот во Херсон кој го постигнаат Украинците. Неговиот колега Филипс О’Брајан, аналитичар и професор по стратешки студии на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, одговори дека и самиот слушнал, за таа можност, јавува Б92. Нивното мислење не го делат руските аналитичари, но факт е дека се ослободени над 40 километри територија во градот кој можеби е клучен за Русите и кој може да го натера Путин да го прејде кон нуклеарна војна.
Украинците го освоија и Лиман, град меѓу Харков, Доњецк и Луганск кој беше под опсада на Русите. Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана, утринава зборува за пробив низ „длабок теснец“ јужно од Золота Балка, село кое ја означуваше линијата на фронтот на Дњепар. Според г-дин Салдо, два украински баталјони се обиделе да стигнат до хидроцентралата Каховка, околу 70 километри (44 милји) источно од Керсон. Електраната е во пристанишниот град Нова Каховка, јавува Би-Би-Си.
На мобилизацијата западните аналитичари гледаат скептично, велејќи дека новите регрути брзо ќе бидат повлечени од теренот поради неподготвеност.
Но, руските научници не го делат ова мислење за наводниот пробив. Тие сметаат дека ризикот за Русија ќе биде минимален. Нивните теории ја хранат руската елита која верува во руската надмоќ.
Можат да се издвојат три такви хипотези.
1. Западот ќе се измори зимава
Најчеста приказна на руските академици е дека западните демократии немаат храброст да ја поддржат Украина долго време и дека ќе се изморат од војната, па очекуваат да се сврти и западното јавно мислење.
Ако економската криза се продлабочи, незадоволството сигурно ќе се прелее на гласачките места. САД, кои испратија повеќе воена помош за Украина од кој било друг, имаат конгресни избори во ноември, каде партијата на претседателот Џо Бајден лесно може да го изгуби мнозинството во Конгресот.
Исто така, еден од водечките сојузници на Киев на Запад, британскиот премиер Борис Џонсон, беше принуден да поднесе оставка минатиот месец, а неговата наследничка Лиз Трус веќе се бори со сериозни економски проблеми.
Оставка поднесе и италијанскиот премиер Марио Драги, а новата десничарска влада можеби е помалку склона да ја поддржи Украина. Германската владејачка коалиција сè уште е поделена околу нивото на таа поддршка, а во последно време се повеќе отворени протести низ европските градови против санкциите против Русија и за воена неутралност.
2. Кина ќе биде спасот за Русија
Во Русија се убедени дека Кина ќе биде рускиот „црн витез“. Со други зборови, тие се убедени дека Кина ќе ги компензира сите последици од санкциите со успешна трговија со технологија и природни ресурси. Според овој наратив, дури и ако следната деценија е тешка за Русија, до 2032 година САД веќе нема да можат да ја запрат кинеско-руската оска.
Иако Пекинг секогаш изјавуваше дека „пријателството меѓу двете земји нема граници“, војната откри дека тоа пријателство има граници. Кина е среќна што купува руска нафта со длабок попуст, но одби да ѝ испрати на Русија оружје, муниција и друга воена опрема, плашејќи се од американските санкции.
На неодамнешниот самит во Узбекистан, самиот Путин јавно призна дека Кина ја изразила својата „загриженост“ за војната. Гледано од страната на Пекинг, руската инвазија предизвика несакано внимание врз плановите на Кина за Тајван.
3. Технолошките санкции нема да бидат премногу болни за Русија
Една од ретките последици од санкциите на Западот врз Русија што дури и Путин ја призна е недостатокот на висока технологија. Неколку руски експерти признаа дека руските производи за широка потрошувачка ќе се вратат на технолошкото ниво од 1990-тите. На пример, новиот модел на рускиот автомобил Лада, „отпорен на санкции“ е без воздушни перничиња и а-бе-ес систем.
Руските експерти се оптимисти. Тие сметаат дека таквата технологија би била „доволно добра“ за обичните граѓани, а веруваат и дека земјата сама ќе може да развие современи внатрешни капацитети за стратешки сектори како што се воената опрема и транспортната инфраструктура.
Сепак, ова ќе биде многу потешко со одливот на десетици илјади млади руски информатичари, инженери и други висококвалификувани работници од почетокот на војната.
Како што тврдат американските и украинските разузнавачи, руските сили во војната веќе импровизираат со чипови што ги вадат од фрижидерите и машините за перење, но ова не е долгорочно решение за недостигот на чипови, трансформатори, конектори и други компоненти што не можат да бидат увезени од Запад поради санкциите.