ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СТРУМИЦА Горат нискостеблеста шума и стари гуми

555

Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми.

Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари.






Пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.

Причинета е значителна материјална штета, а екипите сѐ уште се на терен и работат на целосно гаснење на пожарот.

Поврзани содржини