ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПЈЕ Гори куќа кај Адвокатската улица ВИДЕО

Според информациите од Противпожарната бригада запалена е куќа, која се наоѓа веднаш до ресторанот „Стара куќа“, но засега тој не е зафатен од пожарот.

699

Голем пожар во моментов има во адвокатската улица во Скопје.

Според информациите од Противпожарната бригада, запалена е куќа, која се наоѓа веднаш до ресторанот „Стара куќа“, но засега тој не е зафатен од пожарот.






– Во моментов екипите се на терен го гаснат пожарот. Единствено што знаеме во моментов е дека гори куќа. Дополнителни информации подоцна, кога ќе соопштат колегите кои се на самото место – изјавиле за ММС од Противпожарната бригада.

На социјалните мрежи се појави и видео од пожарот.

 

Поврзани содржини