ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МИЛАНО Изгоре речиси цел облакодер (ВИДЕО)

Италијанските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал на 15 кат од облакодер, но засега нема информации дали има повредени или загинати.

2,188

Попладневно огромен пожар зафати буквално цел облакодер во Милано.

Пожарот избувнал околу 17:39 часот во предградието на Милано, а веднаш потоа се појавија снимки на социјалните мрежи.






Италијанските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал на 15 кат од облакодер, но засега нема информации дали има повредени или загинати.

Италијанскиот „Кориере дела сера“ пишува дека пожарот избувнал во делот во кој живеат околу 70 семејства. Сведоците раскажуваат дека прво го почувствувале чадот и веднаш избегале. Тие додаваат дека на почеток сметале дека е толку страшно.

Пожарникарите излегле на терен, но огнот на толку високиот кат им ја отежнувал работата, секако и брзото ширење. Фасадата била целосно изгорена, а при горењето таа паѓала од разни катови.

 

Причината за пожарот засега не е позната. Огромен црн чад излегувал од облакодерот и можел да се види од неколку километри далечина. Поради безбедност биле блокирани неколку улици во близина на облакодерот.

 

Поврзани содржини