Голем пожар во Хуавеј, има и загинати (ВИДЕО)

Огнот ја зафатил и зградата, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија, била од челична конструкција во изградба и не била користена кога се случил инцидентот, пренесе „Ројтерс“.

1,036

Три лица смртно настрадале во пожар кој ја зафатил лабораторијата за истражување и развој на технолошкиот гигант Хуавеи во градот Дунгуан, ја југот од Кина, соопштија локалните власти.

Огнот ја зафатил и зградата, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија, била од челична конструкција во изградба и не била користена кога се случил инцидентот, пренесе „Ројтерс“.

 






Локалната противпожарна служба соопшти дека во зградата се пронајдени три лица, и дека истрагата е во тек.

Според наводите на локалните противпожарни служби изворот на експлозијата би можел да биле лесно запалив памук за апсорбирање на звук.

Поврзани содржини