ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БАТИНЦИ Ветрот брзо го шири, активирани противпожарни екипи
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информира дека огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири.
Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири.
На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна.
На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.