ГОЛЕМ ПОЖАР ВО АЛБАНИЈА Гори планината Шпираг на која Рама најави наоѓалишта на гас и нафта

Во гаснењето на пожарот покрај противпожарни единици од повеќе градови, ангажирани се и припадници и возила на албанската армија, како и хеликоптер.

330

На планината Шпираг кај Берат од синоќа беснее голем пожар, а ветерот дополнително го проширува, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Станува збор за планината каде во еден нејзин дел компанијата Шел врши испитувања, а премиерот Еди Рама деновиве изјави дека има големи количини на нафта и висококвалитетен гас.






Во гаснењето на пожарот покрај противпожарни единици од повеќе градови, ангажирани се и припадници и возила на албанската армија, како и хеликоптер.

„Ситуацијата е тешка поради теренот, а ветрот и високите температури придонесуваат за ширење на пожарот. Ќе сториме сѐ да го зачуваме нашето национално богатство“ – напиша Пелеши на  Фејсбук

И за овој пожар надлежните се сомневаат дека е подметнат.

Како што објави министерот за внатрешни работи, Таулант Бала, досега за предизвикување пожари во притвор се 23 лица кои „ќе ја добијат заслужената казна“.

Кривичниот законик на Албанија за намерно предизвикување пожар предвидува казна затвор во траење до 15 години, што зависи од предизвиканата материјална штета и други несакани последици.

Поврзани содржини