Голем пожар околу 14 часот избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.
– Не е изгаснат огнот, но нема опасност по куќите, објектите, викендиците и вилите кои се наоѓаат во близина. Противпожарните единици се на терен. Проблеми при гаснењето предизвикуваат и силниот ветар и непристапниот терен каде гори – информирале од СВР Охрид за телевизија Телма.
Во областа има и викенд населба, поради што граѓаните кои се на празничен викенд во тие објекти го гледаат пожарот и алармираат дека се уште има силен оган, густ чад барајќи побрза интервенција од надлежните.
За пожарот веќе се известени сите надлежни институции.