Голем пожар на депонијата кај Добрашинци

На терен се веќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, кои почнаа со гаснење на пожарот. Депонија кај селото Добрашинци гореше и на 18 и 19 јуни годинава. Тогаш пожарот беше предизвикан од несовесни граѓани кои се движеле таму.

302

Денес напладне голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево.

Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на Територијалната против пожарна едница на Струмица, Александар Гудев.

-Добивме известување за пожар на депонијата кај селото Добрашинци и наши екипи се упатуваат таму. Според првичните информации пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон акумулацијата „Турија“, рече Гудев.

На терен се веќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, кои почнаа со гаснење на пожарот.

Депонија кај селото Добрашинци гореше и на 18 и 19 јуни годинава. Тогаш пожарот беше предизвикан од несовесни граѓани кои се движеле таму.

Поврзани содржини