🎥 ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ СПЛИТ Еден пожарникар е повреден
Пожарот избувнал синоќа по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион.
Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шуќурац, во пошироката околина на Сплит.
Пожарот избувнал ноќеска по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион.
Пожарот навлегол од отворен простор во просториите на фирмата „Цезар“, каде што ги зафатил електричните инсталациски кабли што биле складирани таму.
Подоцна пожарот се проширил и дошол блиску до продавницата Метро и магацинот на фирмата „Феро-терм“, со брзата реакција на пожарникарите спречено е да се прошири на тие објекти.
Пожарот го гаснат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот воз „Робел“, соопштија од противпожарната служба.