ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО БИТОЛА Гори кровната конструкција на фабриката (ВИДЕО)
Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека сè уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.
Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“. Во гаснењето учевствуваат две пожарникарски возила и седум пожарникари, а на помош пристигнуваат уште девет пожарникари.
Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека сè уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.
-Пожарот беше пријавен во 17.25 часот и веднаш интервениравме. Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко – изјавија од Територијалната против пожарна единица во Битола.
Од МВР потврдија дека не се пристигнати информации за жртви или повредени лица во пожарот.
За причините и последиците од пожарот ќе биде поведена истрага.
Првичните информации се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина.
Фабриката работи како млин и произведува бели печива.