Грчките пожарникари прават големи напори да го спречат пожарот што беснее недалеку од Волимeс на островот Закинтос.
Членовите на противпожарната служба денес се обидуваат да спречат понатамошно ширење на шумскиот пожар што ја разорува шумата околу плажата Навагио во близина на Волимeс, пренесе агенцијата АНА.
Пожарот што избувна вчера попладне продолжи да се шири во текот на ноќта под влијание на силниот ветер, што ги спречи пожарникарите да интервенираат поефикасно.
На лице место беа ангажирани 16 противпожарни системи, 69 пожарникари плус 3 екипи, кои интервенираа на местата кои беа гаснати од хеликоптери и канадер авиони.