ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ ВАЛЕНСИЈА Евакуирани се 850 луѓе

Министерката за правда и внатрешни работи Елиса Нуњез објасни дека бројот на евакуирани поради пожарот е 850. 

44

Во шпанскиот град Монтикелво во близина на Валенсија, 850 луѓе се евакуирани поради големиот шумски пожар кој досега опустоши околу 2.000 хектари, објави Шпанската радиотелевизија.

Покрај Монтикелво, пожарот зафати и неколку градови во регионите Вал д’Албаида, Сафор и Комтат, кои се наоѓаат на југот на провинцијата Валенсија и на северот на Аликанте.






Министерката за правда и внатрешни работи Елиса Нуњез објасни дека бројот на евакуирани поради пожарот е 850.

Поврзани содржини