Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) одржува редовно годишно изборно собрание на кое се избираат нов претседател и членови на управниот одбор, надзорниот одбор и на судот на честа.
Гласањето го следи голем одѕив, а во тек е регистрација на новинарите за избор на нов лидер на ЗНМ.
За функцијата претседател се кандидирани тројца новинари, Младен Чадикоски, досегашниот претседател на ЗНМ, новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски.