ГОЛЕМ НАГРАДНА ИГРА НА ДАЈМОНД МОЛ Главната награда е автомобил „geely cityray“

Предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари.

88

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денеска започнува наградната игра во Diamond Mall. Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година, месецот кога се одбележува вториот роденден.

Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари.






За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Пoкрај наградната игра Diamond Mall подготвува и дополнителни изненадувања. Во финална фаза се подготовките за отворањето на најголемиот фитнес центар, кој ќе ги понуди последните трендови во оваа индустрија, адаптирани според денешниот начин на живот.

Уникатната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил. Планирани се и дополнителни изненадувања и нови содржини кои ќе бидат достапни наскоро.

Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава. Со површина од  7.000м2, разноликата понуда од едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone), врвната гурманска понуда во „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и разновидната шопинг понуда, Diamond Mall, станува препознатливо место во градот.

Купоните за учество во наградната игра ќе може да се подигнат на пултот во Diamond Mall, а повеќе детали за наградната игра, ќе најдете на веб страницата https://diamondmall.mk/en/campaign/rodendenska-nagradna-igra .

Поврзани содржини