🎥 ГОЛЕМ МЕТЕОР СНИМЕН НАД ТУРЦИЈА Согоруваше повеќе од 20 секунди
Социјалните мрежи беа преплавени од видеа од метеорот над градот Ушак.
Жителите на турскиот град Ушак беа сведоци на необичен феномен на небото, а потоа социјалните мрежи беа преплавени од видеа од метеор.
Според извештаите на локалните медиуми, светла огнена топка се појавила над градот и била видлива повеќе од 20 секунди.
Времетраењето на појавувањето на небото е значително подолго од вообичаеното времетраење на метеорите, кои обично исчезнуваат за само неколку секунди. Тоа говори дека станува збор за невообиаено голем метеор.
Large meteor seen in the sky over Uşak, Turkey
— Breaking911 (@Breaking911) March 16, 2026