Голем интерес за вакцинирање без закажување
Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.
Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против коронавирусот секојдневно се зголемува, посебно без закажување.
– Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во Здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата – велат од МЗ.
Ревакцинацијата, додаваат оттаму, се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.
Со последните бројки 56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.