ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ Се разговара за пазарен модел на инвестирање

Мицкоски рече дека новата влада не ги протнува еергетските инвстиции како стратешки проекти, туку се  разговара за пазарно ориентирани инвестиции.

1,351

И покрај последното зголемување на цената на природниот гас на светските берзи не се намалува интересот за изградба на гасни централи кај нас, зашто Скопје и земјава имаат голем пазар за топлина и за електрична енергија кој е недоволно искористен, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на денешната пес конференција.

Тој информира дека има повеќе компании кои се заинтересирани за изгрдба на комбинирани гасни централи во земјава.






-Кога станува збор за изградба на когенеративни гасни централи кај нас има повеќе компании кои се заинтересирани. На оваа тема разговараме на Влада и со ресорното министерство и кога ќе има нешто попрецизно ќе ја информираме јавноста – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека новата влада не ги протнува еергетските инвстиции како стратешки проекти, туку се  разговара за пазарно ориентирани инвестиции.

-Може да се создаде добар бизнис модел кој е исплатлив за секој инвеститор. И тоа го правиме -рече Мицкоски.

Поврзани содржини