ГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ Досега 84 милиони евра се префрлени во Развојна банка

Компании од различни сектори побарале кредит од најавените 250 милиони евра за компаниите.

119

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска.

Таа рече дека средства се бараат од сите сектори.






– Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра – истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Поврзани содржини