ГОЛЕМ ДЕН ЗА УКРАИНА И ЗА РУСИЈА Трамп за повикот на Путин за преговори

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул. 

513

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори меѓу Москва и Киев, изјави дека тоа би бил „потенцијално голем ден за Русија и Украина“.

„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно крвопролевање ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека тоа ќе се случи. САД сакаат наместо на тоа (војна) да се фокусираат на обнова и трговија. Пред нас е голем ден“, објави Трамп на Трут Соушл.






Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул.

Тој рече дека лично ќе му се обрати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги организира преговорите.

Рускиот лидер додаде дека Русија е фокусирана на водење сериозни преговори со Украина за да се отстранат основните причини за конфликтот.

Поврзани содржини