ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА ТРАФОСТАНИЦА ГИ ОСТАВИ ТЕТОВЦИ БЕЗ СТРУЈА Екипите се на терен и се обидуваат да го решат проблемот

Денеска околу 9 часот настана голем дефект на 110кВ трафостаница „Тетово 1” и како последица, без снабдување со електрична енергија остана голем дел од градското подрачје, информираше Електродистрибуција.

135

Голем дел од Тетово од изутрината во 9 часот е без електрична енергија поради дефект на трафостаница. Според компанијата Електродистрибуција, околу 5.000 корисници немаат снабдување со електрична енергија, а се работи на терен за отстранување на дефектот.

– Денеска околу 9 часот настана голем дефект на 110кВ трафостаница „Тетово 1” и како последица, без снабдување со електрична енергија остана голем дел од градското подрачје. За 10 минути беше вратено снабдувањето за поголемиот дел од корисниците, а моментално без напон се околу 5.000 корисници – информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.






Дефект на трафостаница во септември 2024 година остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија.

Поврзани содржини