ГОЛЕМ ЧЕКОР И ВАЖНА ПРЕСВРТНИЦА Русија ќе гради два нуклеарни реактора во Унгарија

Нека започне изградбата! – порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.

504

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-Би-Си.

Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.






– Нека започне изградбата! – порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.

Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.

– Oва е голем чекор, важна пресвртница – додаде Сијарто. На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата.

Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.

Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.

Поврзани содржини