📷 ГОЛ МАЖ ШЕТАШЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Средношколци сведоци на несекојдневна сцена пред гимназија „Јосип Броз“

Настанот се случил во близина на училиштето, во период кога во околината имало поголем број средношколци и граѓани, објави порталот Република.

4,221

Гол маж прошета пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во строгиот центар на градот, предизвикувајќи шок и вознемиреност кај присутните, пренесува порталот Република.

Настанот се случил во близина на училиштето, во период кога во околината имало поголем број средношколци и граѓани. Очевидци велат дека сцената била вознемирувачка и дека не знаеле дали станува збор за лице во психичка криза или провокација.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници веднаш излегле на терен, реагирале брзо и лицето било приведено и спроведено во полициската станица Центар.

Во моментов полицијата работи на утврдување на идентитетот, како и на причините за ваквото однесување.

Поврзани содржини