Гол маж претрчал половина Сплит, полицијата успеала да го фати ФОТО

889

На интернет кружат снимките на млад човек како целосно гол трча низ улиците на Сплит, кон самиот центар на градот. Видеата од снимките кружат на социјалните мрежи, а тие покажуваат како голиот тркач подоцна се упатил кон Бачвице и Фирула, пишува „Јутарњи.хр“.

Исто така, од снимката јасно се гледа и дека младиот човек преминал завидна релација, бидејќи во едно видео бил фатен во близина на Општината, а во другите во делот помеѓу Бачвице и Фирула.






Тој бил фатен и од полицијата.

„Полициските службеници веднаш излегоа на терен и го фатија човекот на улицата Пут Фирула. Тој беше однесен во болница, а откако ќе биде прегледан, ќе биде утврдено дали има елементи за кривично или прекршочно дело – соопштила сплитско-далматинската полиција за „Далмација данас“.

 

ФОТО: Јутарњи.хр

Поврзани содржини