ГОЛЕМ ПАРК СПРОТИ КАРПОШ 4 ВЕТУВА ВЕСКОВСКИ Со субвенции за инвертери, фотоволтаици ќе се намалува загадувањето на воздухот

Нашата политика е сите објекти за згрижување на деца, образовни и културни институции, да бидат претворени во енергетски ефикасни објекти, со уредени зелени површини - вети Весковски. 

226

Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, рече при промоцијата на програмата  Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

– Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина. Исто така ќе се продолжи трендот на поставување фотоволтаици на јавни објекти каде што е возможно тоа.






Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со „нула отпад“.

Нашата политика е сите објекти за згрижување на деца, образовни и културни институции, да бидат претворени во енергетски ефикасни објекти, со уредени зелени површини – вети Весковски. 

Иако климатските промени, заштитата на водните ресурси и пречистувањето на отпадните води се прашања за кои општината нема посебни ингеренции, сепак Весковски најави дека во наредниот четиригодишен период активно ќе се вклучи во активностите што ги спроведуваат Владата и Град Скопје. Тоа особено се однесува на заштита на реката Вардар и изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје.

Поврзани содржини