ГОДИШНО СЕ ПРАВАТ ПО 2.800 СНИМАЊА, А ВО ЕВРОПА ДО 9.000 Петрушевски откри дека апарати за магнетна резонанца се чувале во резерва
Пратеникот Бране Петрушевски вели дека во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар.
Власта на СДСМ и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Граѓаните чекаа секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа немаше потреба зашто бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година е двојно зголемен, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Тој се повикува на Извештај на ДЗР во кој се констатира дека и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени.
– Еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција – вели тој.
Тој тврди дека бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек.
– Еден апарат во просек има 2.800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4.000 до 9.000. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква – вели тој и прашува:
– Што работеле СДСМ и ДУИ во здравството?
Петрушевски откри дека причина за ваквото однесување на здравствените власти било во тоа што во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, поради дефект на апаратите или како последица на недоволно обучен кадар. Пациентите поради тоа страдале и не добивале услуга.
– Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДСМ и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира – вели Петрушевски.