Во Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје, восреда во 12 часот ќе се отвори Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје.
Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност. Овие дела се белег за автентичниот и единствен по многу особености креативен опус на Анастасов. На изложбата се претставени импресивните портрети и автопортрети од циклусот „Голооточки портрети”, создадени во текот на 1964 – 1965 год., потоа апстрактните „пејзажи” кои го следат енформелскиот израз – „Голооточки предели” и „Голооточки варијации” од истиот период 1964 – 1965 год., „Нежните води од исток” од 1967 год., „Живот на подводниот свет” од 1962 год…
Изложбата ќе биде поставена до декември 2021 год., во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје.
Изложбата ќе се одржи согласно сите правила и протоколи за заштита од ковид 19.