Часовите по танцување на кои одела како мало девојче дефинитивно се исплатиле. Дури и на возраст од 55 години, Сара Џесика Паркер може гордо да прошета по плажата во костим за капење. Актерката во неколку наврати изјави дека линијата ја држи под контрола и со редовно одење на часови по јога.
Таа уживала во сончевиот ден на плажа со сопругот Метју Бродерик, со кого е во брак веќе 23 години.
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, која гази во шестата деценија од животот, ги пленела погледите во црниот едноделен костим кој ги истакнал нејзината тенка половина и витите нозе.
Токму како и ликот што го глумеше во култната серија „Сексот и градот“, Сара исто така сака да биде во тренд, па затоа носи модел на костим за капење кој ќе биде апсолутен летен хит.