Годинава се очекува двојно зголемен број на гладни лица, велат од ОН

Ковид-19 е потенцијално фатален за милиони луѓе чија егзистенција веќе виси на конец, изјави Ариф Хусеин.

207

Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутната закана поврзана со обезбдување храна годинава би можел двојно да се зголеми на 265 милиони луѓе поради падот на економијата, предизвикан од пандемијата со ковид-19, предупреди денека Светската програма за храна на Обединети нации.

Се проценува дека поради изгубените приходи од туризмот, намалување на ознаките и патувањата, како и другите ограничувања воведени поради пандемијата со новиот коронавирус ќе има нови 130 милиони луѓе гладни оваа година, покрај 135 милиони лица, кои веќе спаѓаат во таа категорија.






Ковид-19 е потенцијално фатален за милиони луѓе чија егзистенција веќе виси на конец, изјави главниот економист и директор за истражувања, проценка и надзор во Светската програма за храна при ОН, Ариф Хусеин.

Поврзани содржини