ГОДИНАВА „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА“ ЗЛАТНА БУБАМАРА Штедењето струја ќе биде во фокусот
„Да ги наполниме батериите на евтина струја“ е мотото на годинашната Бубамара, во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, најавуваат организаторите.
Овогодишното 26. издание на Златната бубамара на популарноста, кое ќе се одржи на 16. март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржува под мотото „Да ги наполниме батериите на евтина струја“, во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, најавуваат организаторите.
„Енергетски ефикасниот штаб, кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена. Веќе се објавени и двата постери за овогодишната 26. Златна бубамара, а како екстра додадена вредност – годинава Златната бубамара ќе добие и стрип! Како и секоја година, интересот за билети е огромен. Речиси 90 проценти од пуштените билети во продажба се веќе продадени, но на барање на публиката денеска се пуштени во продажба последните 300 билети“ – се вели во најавата.