Годинава 2.286 компании треба да ја вратат финансиската помош за плати
Директорката Лукаревска додаде дека до Генералниот секретаријат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревск рече дека дури 2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата.
– Од 3.853 даночни обврзници, 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помо. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата – вели Лукаревска.
До 31 мај 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиката помош за исплата на плати за март и вефруари не им ги префрлиле парите на работниците. Од нив, 24 не изплатиле ниту за двата месеци.
Вкупно од овој циклус, 753 месечни плати не се исплатени, а вкупната сума е 12.071.908 денари.
– Доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, наведе Лукаревска.
За претходниот циклус – октомври, ноември, декември дури 5 работодавачи ги немаат исплатено платите за сите три месеци. Севкупно, тука има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари – информираше директорката.
Таа додаде дека до Генералниот секретаријат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО.