ГОДИНА НА КАТАСТРОФИ, ЗАГУБЕНИ ЖИВОТИ И ПРОПУШТЕНИ ШАНСИ Мал број на убави спомени од годината што помина
Сообраќајна несреќа на македонски автобус во која загинаа 45 лица, а седум беа повредени се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија. Автобусот беше сопственост на „Беса транс“, а се враќал од Истанбул кон Скопје.



Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партијата беше историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата.
Оставка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев

– Во вакви услови за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам владата на евроатланскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, наведе Заев.
Собранието на Република Северна Македонија на 23 декември на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада.
По оставката на Заев, шефот на државата Стево Пендаровски на 29 декември му го довери мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. Мандаторот, согласно уставот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Ковачевски кога му беше доверен мандатот најави дека планира составот на новата Влада да го предложи околу 10-11 јануари.

На 29 јули во Скопје пре миерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот Западен Балкан ја потпишаа иницијативата „Отворен Балкан“.
Лидерите на трите земји потпишаа договори за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, Дозвола за граѓаните да работат во трите држави и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување.
Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. Иницијативата не е ограничена само на трите земји и секоја друга држава од опкружувањето е добредојдена и може да се вклучи ако сака.




