📽📷 „ГОДИНА ИПОЛ AПЕЛИРАМЕ – НЕ ГО САНИРААТ!“ Падна дел од потпорниот ѕид над Клиниката за детски болести во Скопје

Пролемот е комплексен затоа што на самата улица Белградска која го разграничува Клиничикиот центар од куќите кои се наоѓаат над него, постои систем на канали и шанси кои се во лоша кондиција, не собираат вода кој надоаѓа од падините на Водно. Сопственоста не може да ја утврдиме. Во најлошо сценарио можно е возилата кои возат по два правци кои едвај се разминуваат и да има трагедија во која ќе бидат опфатени и возила.

1,683

Стравично надвисува потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести на улицата Мајка Тереза, а по година ипол дојави институциите се глуви за проблемот кој може да загрози човечки животи. Стојанче Ангелов од Центарот за управување со кризи јави дека утринава се срушил дел од ѕидот и апелираше на итно санирање на опасноста.

– Пред околу една ипол година стигнаа пријави од граѓани дека постои опасност да падне потпорниот ѕид кој е на улицата над Клиниката за детски болести на улицата Мајка Тереза. Ги известивме сите надлежни институции, Министерството за здравство, градот Скопје, општината Центар и МВР и други институции. За жал година ипол подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е влошена. Утрово добивме пријава дека дел е срушен. Прашање е на време кога ќе се сруши остатокот. Меѓу другото, под ѕидот се паркираат возила и минуваат лица кои се движат во кругот на државната болница. Апелираме до општина Центар и градот да се зафатат со санирање на проблемот. Итно да се зафатат со решавање на проблемот. Пролемот е комплексен затоа што на самата улица Белградска која го разграничува Клиничикиот центар од куќите кои се наоѓаат над него, постои систем на канали и шанси кои се во лоша кондиција, не собираат вода кој надоаѓа од падините на Водно. Сопственоста не може да ја утврдиме. Во најлошо сценарио можно е возилата кои возат по два правци кои едвај се разминуваат и да има трагедија во која ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила – велли Ангелов.






Поврзани содржини