ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ КАЖА БУКВАЛНО СЀ ШТО ЗНАЕ Неговото сведочење е во полза на таткото Александар, вели бранителот Туфегџиќ

Човекот даде еден непристрасен исказ од кој не може да се извлече ништо што би го компромитирало Александар во целата оваа работа. Ние во основа сме задоволни затоа што конечно се слушна целосната вистина, вели адвокатот Владимир Туфегџиќ.

1,069

Сведокот Гоце Трајковски на денешното рочиште даде непристрасен исказ од кој не може да се извлече ништо што би го компромитирало таткото Александар Ѓорчевски во целата постапка, рече адвокатот Владимир Туфегџиќ по денешното рочиште на кое им се суди на обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

– Сведоци сте денеска дека сè што кажа Гоце Трајковски, ние приговор немаме. Сè е во корист и во полза на одбраната на Александар, бидејќи Гоце Трајковски изнесе буквално сè што знае. Дејствија кои ги преземал во текот на целата постапка, во еден дел и по барање на полицијата и тоа воопшто не е спорно. Човекот даде еден непристрасен исказ од кој не може да се извлече ништо што би го компромитирало Александар во целата оваа работа. Ние во основа сме задоволни затоа што конечно се слушна целосната вистина, се слушна она што Гоце го кажа пред јавниот обвинител во поширока варијанта. Ние како одбрана сме задоволни – рече Туфекџиќ.






Трајковски, додаде тој, не е само сведок на Обвинителството, туку и на одбраната.

– Најбитно е што јас на судот не сум му барал да не му поклони верба. Ова не е само сведок на Обвинителството, туку доставен во листа на докази и како сведок на одбраната, така што ние приговор и забелешка на неговиот исказ немаме. Во глобала и генерално, на сите детали по сеќавање, многу спонтано, отворено и реално ги кажа сите состојби и го објасни она што е најбитно, неговото учество во целата оваа постапка – рече Туфегџиќ.

Поврзани содржини