ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ, БОЖИН ПАВЛОВСКИ, БРАТИСЛАВ ТАШКОВСКИ… Објавени добитниците на наградата „23 Октомври“

97

Добитници на наградата „23 Октомври“ за 2025 година во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври 2025 година (четврток), во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.






Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Поврзани содржини