ГОЦЕ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ТЕТОВО Тројца скокаа, најмладиот ќе ја продолжи традицијата

Имав чест да го фатам крстот оваа година, заедно скокавме со Влатко и Небојша. Бог нека им дава здравје на нив, на мене, на нивните семејства и на сите Македонци. За прв пат скокам по крстот оваа година. Небојша е помлад од нас, очекуваме да ја продолжи традицијата, изјави 45-годишниот Гоце Ристовски.

204

Четиресет и пет годишниот Гоце Ристовски го фати осветениот крст на годинешното одбележување на Богојавеление Водици во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово. Литургијата, чин на водосвет и спуштање на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф. По крстот скокаа и Владимир Стерјовски и Небојша Кочовски, а најсреќен беше Гоце Ристовски.

– Имав чест да го фатам крстот оваа година, заедно скокавме со Влатко и Небојша. Бог нека им дава здравје на нив, на мене, на нивните семејства и на сите Македонци. За прв пат скокам по крстот оваа година. Небојша е помлад од нас, очекуваме да ја продолжи традицијата – изјави Гоце Ристовски.






Тројцата учесници во традиционалното одбележување се од населбата Два Бреста. Од црковниот одбор Гоце Ристовски беше даруван со пригодни подароци.

Поврзани содржини