ГО ЗАСТРЕЛАЛЕ ДОДЕКА ТРЧАЛ Во Русија брутално убиен еден од командантите на Путин

42-годишниот Станислав Ржицки бил командант на подморницата Краснодар и токму тој наредил истрелување на ракетите Калибр кон Украина.

825

Станислав Ржицки, заменик-шеф на одделот за мобилизација во Краснодар е брутално убиен, јавија руските медиуми. Според пишувањата на медиумите, Ржицки бил командант на подморницата Краснодар и токму тој наредил истрелување на ракетите Калибр кон Украина.

Прорускиот канал Телеграм објави дека 42-годишниот Ржицки отишол на трчање во осум часот наутро. Во близина на спортскиот комплекс „Олимп“ наишол на заседа од непознато лице кое му пукало четири пати во грбот и во градите, а потоа избегало од местото на настанот. Тој починал на лице место.






Администрацијата на Краснодар ја потврди смртта на Ржицки, велејќи дека агенциите за спроведување на законот ја истражуваат неговата смрт. Администрацијата за ТАСС изјави дека „непознато лице пукало неколку пати во човекот и исчезнало“.

Денеска беше објавена информација дека е убиен уште еден висок руски воен функционер. Советникот на градоначалникот на Мариупол, Пјотр Андриушченко, објави дека рускиот генерал Олег Цоков е убиен во окупираниот Бердјанск.

Поврзани содржини