По доделувањето на наградите Ем-ти-ви, актерката Меган Фокс и ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан продолжија да се дружат, а популарноста на новото пријателство ја искористи старлетата Ким Кардашијан, која ги ангажираше во нејзината нова кампања за новата колекција долна облека.
На социјалните мрежи на брендот „СКИМС“, како и на приватните профили на Меган и Кортни, објавена е серија фотографии на кои позираат во провокативни изданија.
View this post on Instagram
„Корт, засекогаш не е доволно. Добредојдовте на нашето СКИМС снимање“, порачала Меган.
View this post on Instagram
„Јаболки или вишни“, напишала Кортни под заедничките фотографии.
View this post on Instagram
Актерката и ријалити ѕвездата станаа неразделни пријателки откако имаат нови партнери во своите животи. Меган е во врска со музичарот Машин Ган Кели, а Кортни со Тревис Баркер, тапанар на групата „Блинк-182“.
ФОТО: Инстаграм