ГО ВРЗАЛ ЗНАМЕТО ОКОЛУ ВРАТОТ, НЕ НИ ПОМИСЛУВАЛ НА НАЈЛОШОТО Трагедија за време на прославата во Аргентина, почина 22-годишно момче

На прославата на улиците во Аргентина синоќа излегоа илјадници навивачи, а медиумите пренесуваат и дека животот го загубило 22-годишното момче Себастијан Оскар Масијел.

1,669

Еуфоријата и победничката атмосфера во Аргентина утрово беше прекината откако во медиумите се појави веста дека 22-годишно момче од Буенос Аирес починало за време на прославата на светската титула.

На прославата на улиците во Аргентина синоќа излегоа илјадници навивачи, а медиумите пренесуваат и дека животот го загубило 22-годишното момче Себастијан Оскар Масијел.






Според информациите, Масиел се возел на мотор со аргентинско знаме околу вратот, а кое во еден момент му се заглавило во тркалото, по што го задавило.

„Сведоците објаснија дека го забележале како паднал на земјата и знамето му било околу врат. Во тек е истрага, но според првите информации делува дека починал поради недостаток на кислород“, објавија од полицијата.

Поврзани содржини