„ГО ВИДОВТЕ ЛИ ПУТИН ДА СЕ НЕРВИРА ЗА ТОМАХАВКИТЕ?“ Средбата во Будимпешта ќе почека, причината не е позната
Ова беше сигнал до Украина и до Европа за нивната колективна немоќ. Бидејќи ако толку многу се надеваат на оружје што никогаш нема да биде испорачано, тоа значи дека воопшто немаат надеж, вели аналитичарот Скот Ритер за Си-Ен-Ен во врска со можната испорака на ракети „Томахавк“ за Украина.
„Приказната за ‘Томахавки’ е само димна завеса… И притисокот не беше насочен кон Русија, затоа Путин реагираше толку резервирано… Не го видовте Путин да се загрижи, да удира со тупаница по масата, да се заканува или да се онесвестува. Путин рече дека ‘Томахавк’ е стар систем што Русија може да го собори. Тоа покажува дека Путин знае повеќе од нас“.
Вака вели за Си-Ен-Ен поранешниот американски разузнавач и воен аналитичар Скот Ритер, нагласувајќи дека испораки на познатите ракети од САД за Украина воопшто не биле планирани.
– Видовте ли дека Путин се вознемири? Не, а тоа значи дека ја познава играта – рече Ритер, додавајќи дека „томахавкот“ е стар систем што Русија лесно може да го собори.
Меѓутоа, според него, вистинската порака е насочена не кон Москва, туку кон Киев и кон Брисел.
– Ова беше сигнал до Украина и до Европа за нивната колективна немоќ. Бидејќи ако толку многу се надеваат на оружје што никогаш нема да биде испорачано, тоа значи дека воопшто немаат надеж.
Подготовките за новиот самит меѓу Трамп и Путин се одложени поради недоразбирања околу условите за прекин на огнот во Украина. Средбата меѓу шефовите на дипломатиите Марк Рубио и Сергеј Лавров, која требало да биде вовед во самитот, е одложена без објаснување.
Путин и Трамп разговарале на 16 октомври, потврди Кремљ. Според советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, главната тема била украинската криза. Путин ја изразил својата подготвеност за дипломатско решение и ја оценил ситуацијата како „кршлива, но контролирана“.
Рускиот претседател нагласил дека „испораката на томахавци“ нема да ја промени ситуацијата на фронтот, но ќе го наруши кревкиот дипломатски баланс меѓу Москва и Вашингтон.
Од Белата куќа било соопштено дека Трамп повикал на „брзо завршување на војната“ и истакнал дека тоа ќе отвори „огромни економски можности“ меѓу двете земји.
Еден дипломатски извор за американската мрежа рекол дека „постојат разлики во очекувањата околу тоа како треба да заврши војната во Украина“. Кремљ, пак, средбата меѓу Лавров и Рубио ја оценил како „конструктивна“ и не ја исклучил можноста за нов телефонски контакт меѓу нив во наредните денови.
Зошто руските и американски дипломати ја избрале Будимпешта за можно место за состанок? Порптаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред новинарите го рече следното:
– Виктор Орбан има доста топли односи со претседателот Доналд Трамп и многу конструктивни односи со претседателот Владимир Путин. И тоа, секако, многу придонесе за разбирањето што беше постигнато за време на последниот телефонски повик.
Некои европски влади кои ја поддржуваат Украина рекоа дека е несоодветно да се биде домаќин на Путин на самит во земја-членка на Европската Унија. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, исто така, во понеделник изјави дека тоа е несоодветно.
Додека Меѓународниот кривичен суд реагираше велејќи дека Путин може да биде уапсен на европско тло поради потерницата за него, портпароли од Европската комисија изјавија дека иако Путин и Лавров се предмет на санкции за замрзнување на средствата, двајцата „не се конкретно опфатени со забраната за патување“.
Портпаролот на Европската комисија Олофо Гил рече дека „претседателката Урсула фон дер Лајен го поздравува секој чекор што води кон праведен и траен мир за Украина.