ГО УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ПРАВЕЛ СЕЛФИ КАЧЕН НА ВОЗ Маж во Германија завршил во болница со тешки изгореници
Мажот се приближил премногу блиску до далновод, при што, и без да го допре, се создал електричен лак со напон околу 65 пати посилен од струјата во обичен електричен штекер.
Маж се здобил со тешки изгореници од силен струен удар откако се качил на запрен воз на Централната станица во Келн за да направи селфи, соопшти германската полиција, цитирана од ДПА.
Мажот се приближил премногу блиску до далновод, се вели во соопштението.
„Дури и без директен контакт, сепак се формирал електричен лак со струја што била приближно 65 пати посилна од онаа на обичен електричен штекер“, соопшти полицијата.
Мажот паднал од возот и бил однесен во болница со тешки изгореници. Додека бил свесен, рекол дека сакал да направи селфи, се вели во соопштението.
Инцидентот предизвикал значителни прекини во железничкиот сообраќај, нарушувајќи го возниот ред на 24 возови, изјави портпаролката. Полицијата бара сведоци на инцидентот.