ГО УДРИЛА КОЛА ДОДЕКА ТУРКАЛ ВЕЛОСИПЕД, ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА Прилепчанец загина по несреќа на патот за Битола

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп во координација со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.

2,450

Маж од Прилеп го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила во неделата вечерта на регионалниот пат Прилеп – Битола, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од полицијата, на 15 јуни 2025 година, околу 21 часот, во близина на Прилеп, патничко возило марка „Рено“ со прилепски регистарски таблички, управувано од Т.Д. (51) од селото Галичани, удрило во М.Б. (49) од Прилеп, кој во моментот туркал велосипед.






Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но за жал, подоцна им подлегнал на повредите. Смртта ја констатирал дежурен лекар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп во координација со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.

– Се работи на целосно расчистување на причините и околностите под кои се случила трагедијата – информираат од полицијата.

Поврзани содржини